18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците масовно ги продаваат своите имоти

Грците масовно ги продаваат своите имоти

atina-333

Над 200.000 домови се објавени за продажба во цела Грција, а нивниот број е зголемен за 25%, во споредба со пред две години, потенцираат агентите за недвижности.

Овој „бум“ на продажбата е регистриран поради неможноста на луѓето да ги плаќаат неостварливо високите даноци. Околу 99.000 од домовите се огласени за продажба во Атина и Солун, а бројот во целата земја се приближува до 110.000.

Сепак, според претседателот и извршен директор на сајтот за недвижнини „E Real Estates“ Темистокал Бака, има сопственици кои имаат намера да ги продадат недвижностите, но без да ги пријават. Ако кон нив се додаваат и запленетите, тогаш имотите за продажба надминуваат 200.000, прецизира тој.

Цените на недвижностите во центарот на Атина се исклучително ниски во споредба со претходните години. Дом од 70 квадратни метри во пристоен централен кварт може да се најде и за 20.000 евра. Друг парадокс кој се забележува е дека доста од куќите кои се даваат под наем во центарот на Атина, сопствениците ги нудат само за плаќање на струја, вода и станбен данок без плаќање на месечна рента.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП