4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаст од 14% на профитот на Royal Philips во третиот квартал

Раст од 14% на профитот на Royal Philips во третиот квартал

philips-ss

„Royal Philips“ забележа раст од 14% на профитот за третиот квартал, откако претставувањето на единиците на холандската компанија во областа на здравјето, дијагностиката и терапијата се подобрува се повеќе, соопштува „Bloomberg“.

Приспособениот профит пред каматите, даноците и амортизацијата изнесува 649 милиони евра во трите месеци до крајот на септември, соопшти компанијата со седиште во Амстердам. За истиот период минатата година компанијата постигнала добивка од 570 милиони евра. Приходите се зголемени за 2% на годишно ниво до 5,9 милијарди евра.

„Нашите предвидувања за 2016-та година остануваат без промена, а очекуваме профитот да се подобри уште повеќе во четвртиот квартал од годината. Продолжуваме да се грижиме за ризиците поради нестабилноста на пазарите на кои работиме“, изјави главниот извршен директор Франс ван Хутен во пораката.

Под водство на ван Хутен, „Philips“ го изострува фокусот кон проширување на дејноста на пазарот за нега на здравјето. Оваа година компанијата продаде акции во делот за осветлување, кое сега се вели „Philips Lighting“, во ИПО во мај и планира да го продаде бизнисот со блескави диоди „Lumileds“ во втората половина на годината, откако претходно оваа година поради регулаторни проблеми се откажа од веќе договорена зделка.

„Philips“ планира да ги продаде останатите 71% од бизнисот со осветлување „во следните неколку години“ и „продолжува активно да ја разгледува продажбата на бизнисот со „LED“ компоненти и автомобилско светло“, рече компанијата.

Акциите поскапеле за 11% од почетокот на годината досега, а оние на „Philips Lighting“ со 5,6% од уписот во мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП