20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Виртуелните“ канцеларии во Лондон - бум во време на несигурност

„Виртуелните“ канцеларии во Лондон – бум во време на несигурност

pazarimot-london3

Импресивното портфолио од т.н. „Виртуелни“ канцеларии и работни места под наем се продава во Лондон по цена од 700 милиони фунти. Сопственикот – Фондот за акционерски капитал „Queensgate Investments“, се обидува да ја искористи растечката побарувачка на флексибилните работни простори по одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија (ЕУ).

Канцелариските простори се обединети во подружницата на фондот „London Executive Offices“. Станува збор за 33 згради во Лондонскиот Сити, Мејфејер, Вестминстер и Белгрaвија. Некои од зградите се иконите за Лондон и датираат од XVIII век.

Компанијата наведува дека е забележа раст на побарувачката на „виртуелни“ канцеларии, флексибилни работни простори и краткорочни имот по гласањето за „Brexit“. Интересот е главно од странците и е диктиран од падот на британската фунта.

„Гледаме промена во ставот и барањата на станарите. Луѓето бараат флексибилност и краткорочни договори“, коментира Џејсон Коу, извршен директор на „Queensgate“.

Компанијата се здоби со „London Executive Offices“ во 2013-та година од „Morgan Stanley“ за околу 260 милиони долари. Оттогаш се додадени и нови згради, а правени се и поправки на старите.

Макар и да го има стравот дека кириите на канцеларии во Лондон ќе паднат поради реалната опасност меѓународните компании да почнат да ги преместуваат вработените од градот поради „Brexit“, за сега операторите на „виртуелните“ канцеларии и флексибилни работни простории успеаја да заработат добро во позадина на поширокиот пазар.

Консултантската компанија „Deloitte Real Estate“ соопшти претходно во оваа година дека секторот на „виртуелните“ канцеларии и флексибилните работни простори во Лондон се зголеми за 67% во последните 10 години, а вкупната површина која се дава под наем надминува 464.000 квадратни метри.

Технолошкиот бум во Лондон од последните години исто така ја потхранува индустријата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП