
Според податоците на Државниот завод за статистика просечна нето плата исплатена во август изнесувала 22.294 денари.


Според податоците на Државниот завод за статистика просечна нето плата исплатена во август изнесувала 22.294 денари.
Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2016-та година, во однос на август 2015-та година, изнесува 101.9.
Ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (10.1%), Административни и помошни услужни дејности (6.6%) и Преработувачка индустрија (4.3%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (3.0%), Преработувачка индустрија (2.2%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (0.9%).
Во август 2016-та година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Според податоците на Државниот завод за статистика просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2016-та изнесува 32.789 денари.
Индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во август 2016-та година, во однос на август 2015-та година, изнесува 101.9.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Градежништво (10.9%), Административни и помошни услужни дејности (6.1%) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4.5%).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (3.2%), Преработувачка индустрија (2.2%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (0.9%).
Во август 2016-та година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.