6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветската банка ги промени очекувањата за цената на нафтата во 2017-та

Светската банка ги промени очекувањата за цената на нафтата во 2017-та

svetska-banka-35350

Во 2017-та година просечната цена на нафтата ќе биде 55 долари за барел, покажува обновената прогноза на Светската банка. Институцијата очекуваше цена од 53 долари за барел, но ја промени прогнозата по сигналите дека „ОПЕК“ планира да го ограничи производството на нафта.

Во 2016-та година просечната цена на нафтата ќе биде околу 43 долари за барел, е запишано во извештајот.

Во следната година цените на енергетските ресурси – нафта, гас и јаглен, ќе се зголемат за 25% во следната година. Во јули прогнозата беше за зголемување на енергетските цени, но во потесни граници.

„Сепак има значителна неизвесност околу изгледите, а ги очекуваме деталите и извршувањето на договорот на „ОПЕК“, кој, ако биде исполнет, несомнено ќе влијае на нафтените пазари“, е запишано уште во прогнозата.

За време на состанокот на картелот во Алжир на 28-ми септември беше коментирано дека ископувањето може да биде замрзнато до 32,5 – 33 милиони барели на ден. Конечната одлука сепак ќе биде донесена за време на состанокот на „ОПЕК“ во Виена, закажан за 30-ти ноември.

Раст на цените се очекува за повеќето суровини, дополнуваат уште од банката. Причината е во зголемувањето на побарувачката, што сепак ќе биде придружена од ограничување на снабдувањето.

Металите пример ќе поскапат за околу 4%. Ревизијата е зголемена за 0,5% , наспроти прогнозата од јули. Најголемо е очекуваното поскапување на цинкот од 20%, додека цената на златото ќе падне до 1.219 долари за унца во 2017-та година. Банката очекува раст на каматите и помала потреба од „засолништа“ за средствата на инвеститорите, што ќе се одрази и врз цената на златото.

Светската банка прогнозира и 1,4% раст на цените на земјоделските производи во 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП