25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако малата европска земја стана престолнина на онлајн игри

Како малата европска земја стана престолнина на онлајн игри

malta

Малта беше првата земја од Европската унија која со посебни прописи го регулираше пазарот на онлајн игри усвојувајќи го законот наречен „Remote Gaming Regulation“, во 2004-та година и тоа пред самиот влез на оваа земја во ЕУ.

Oд тогаш секторот за бизнис интернет доживеа огромен раст, а Малта стана лидер во Европа кога станува збор за оваа услуга. Откатко беше усвоена регулативата, која детално ги регулира лиценците, договорите и сите специфичности во оваа индустрија, покрај давањето на неизбежните олеснувања на потенцијалните инвеститори, Малта ја отвори вратата за стотина компании кои одлучија своето работење да го преселат во оваа островска земја.

Историјата со интернет игрите во Малта датира уште од крајот на деведесетите години. Додека во тоа време други европски држави се заштитуваа од монополсните позиции на одредени компании, Малта одлучи својот пазар во целост да го отвори за оналјан бизнисот и тоа пред самата експанзија на интернетот. Само за пример, првото онлај коцкање е организирано токму на Малта во 2000-та година и тоа во соработка со државната лотарија.

Поволни фискални и законски рамки

Денеска, уделот на гејминг индустријата во БДП-то на Малта е 12 отсто, и вработува директно 8.000 луѓе, а посредно уште 3.000 низ разни сервиси кои ги опслужуваат компаниите кои се вклучени во овој бизнис. Малта досега има издадено околу 470 лиценци за работа на интернет и телекомуникациски оператори, за околу 270 компании кои имаат седиште на островот. Некои од овие компании се дојдени само поради добивањето на лиценцата, додека другите можат да работат на Малта без да имаат намера да аплицараат за истата, користејќи ја поволната фискална рамка која ја овозможува државата во овој бизнис.

Најголемите компании, како „Betsson“, „Unibet“, „Betfair“, „Interwetten“, „Bet-At-Home“, „Pinnacle sports“ или „Tipiko“, на време ги препознаа предностите кои овој остров ги нуди и гордо истакнуваат дека Малта им обезбедува стабилен и сигурен бизнис и политички амбиент за беспрекорно функционирање.

Кој се дојде по обложувалниците

Инвестициите и развојот во нови технологии и интернет индустријата неминовно повлекоа со себе и развој на телекомуникациски компании, платформи за електронско плаќање, софтверски инженеринг, како и цела една нова гранка која нуди поддршка за нов бизнис на остртовот.

Дополнителна предност за Малта е членството во ЕУ, кое им нуди на нејзините компании да нудат услуги ширум Европа. Имено, со телекомуникациската односно интернет операторската лиценца на островот, загарантирано е добивање на лиценца и во другите држави во ЕУ за истиот вид на работа.

„Malta Gaming Authority“ (MAG), но и самата држава, застанаа во целост зад оваа индустрија, најпрво ставајќи ја во јасна законска рамка, а потоа и низ маркетинг проекти како што е „Gaming Malta“, каде што островот се промовира низ „online gamings“ со цел да се привлечат нови инвестиции, но и млади експерти кои се заинтересирани да работат на островот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП