2 јули, 2025
ПочетнаКОМПАНИИАкциите на Microsoft го соборија рекордот од 1999 година

Акциите на Microsoft го соборија рекордот од 1999 година

microsoft-headquarters-070712

Акциите на Microsoft скокнаа над нивното рекордно ниво од „dotcom“ периодот на преминот на векот, јавува Financial Times.

Акциите на Microsoft пораснале 5,6%, искачувајќи се над рекордното ниво од 58,7 американски долари од 1999 година.

Microsoft во изминатото тромесечје оствари приходи од 22,3 милијарди долари, што е раст од 3 отсто и повеќе од предвидените 21,7 милијарди долари.

Резултатите покажуваат дека преминот на Microsoft на cloud технологијата се покажа сосем исплатлива и не влијае негативно врз профитот.

Аналитичарот Брент Хил оценува дека cloud секторот на Microsoft „продолжува да импресионира“, со можни приходи од 20 милијарди долари во 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар