
Компанијата „Mazzanti“ овие денови на престижниот саем „Top Marques“ во Монако официјално го претстави својот нов модел „Evantra“.


Компанијата „Mazzanti“ овие денови на престижниот саем „Top Marques“ во Монако официјално го претстави својот нов модел „Evantra“.
Автомобилот има лесна шасија од хром-молидбен челик која тежи само 1.315 kg, а бидејќи е опремен со моќен 7.0 литарски V8 мотор од 701KS и 847 Nm вртежен момент, неговото забрзување до 100 km/h трае само 3 секунди. Возилото е поврзано со шестстепен рачен менувач и овозможува да се постигне максимална брзина од 349 km/h.

Иако внатрешност на кабината можеби не е по вкус на сите, „Mazzanti“ на своите купувачи им нуди бројни можности за персонализација, вклучувајќи разни видови на кожни навлаки и детали од скапоцени материјали.

„ „Evantra V8“ не е создадена да му одговара на секого, туку е смислена како автомобил со сопствен карактер и со својата ексклузивност за да ги поттикнува најдлабоките страсти“, изјави основачот на компанијата Лука Мацанти.
Компанијата годишно ќе произведува само пет примероци и со тоа да ја осигура посакуваната ексклузивност.
