18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕлектричниот SEAT доаѓа во 2019-та година

Електричниот SEAT доаѓа во 2019-та година

ibe-seat33

Во 2019-та ќе се појави првиот целосно електричен модел на „SEAT“, соопшти британското списание „Autocar“. Изворите на списанието сепак не посочуваат дали шпанската компанија ќе пушти на пазарот целосно нов модел или ќе предложи електрична верзија на „Ateca“ или „Leon“.

Со „Ateca SEAT“ влегува во постојано растечкиот пазарен сегмент на „SUV“ моделите, а „Leon“ е традиционално најпознатиот модел на Шпанците. „SEAT“ веќе покажа електричен концепт во 2010-та година на саемот во Женева дебитираше „Ibe“, кој беше изграден врз основа на популарната „Ibiza“, но со многу поинтересен дизајн.

Од денешна гледна точка, техничките податоци на „Ibe“ го рангираат во една помината епоха за електричните возила – електричен мотор со 102 КС и 200 Нм вртежен момент, 18 кВч капацитет на литиум-јонската батерија и едвај 130 поминати километри со едно полнење.

Но бидејќи првиот електричен модел на „SEAT“ ќе се појави на пазарот малку по оние на „Volkswagen“, со тоа Шпанците ќе уживаат со готово доста од одлуките на компанијата-мајка.

Година пред дебито на електричниот модел на „SEAT“, компанијата ќе пушти на пазарот компактен кросовер кој ќе биде позициониран под „Ateca“. Се претпоставува дека моделот ќе добие го името „Arona“ и ќе е изграден врз основа на следната генерација на „Ibiza“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП