20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕлон Маск: Тесла ќе вози автономно низ целата земја до крајот на...

Елон Маск: Тесла ќе вози автономно низ целата земја до крајот на 2017 година

tes

Возилото Тесла ќе вози автономно од Лос Анџелес до Њујорк до крајот на 2017 година, рече извршниот директор на компанијата, Елон Маск.

“Се чуствувам прилично добро поради оваа цел. Ќе бидеме во можност да демонстрираме автономно возење на целиот пат од Лос Анџелес до Њујорк. Значи од домот во Лос Анџелес до Тајмсквер во Њујорк. И потоа автомобилот сам ќе се паркира до крајот на следната година”, рече Елон Маск за време на прес конференцијата.

Компанијата во средата ја најави новата генерација на нивниот “Autopilot system”, кој вклучува нов хардвер кој ќе овозможи целосно автономно возење.

“Основата е поставена за целосна автономност, таа е двапати побезбедна од човечкото управување”, изјави Маск.

Возилата на Тесла сега имаат осум опкружувачки камери кои обезбедуваат 360 степени на видливост и опсег од 250 метри. Исто така, системот ќе вклучува 12 ултразвучни сензори и подобрен радар кој може да работи на екстремни временски услови.

autopilotnew

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП