2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкциите на Sharp поскапеа откако компанијата ја зголеми годишната прогноза

Акциите на Sharp поскапеа откако компанијата ја зголеми годишната прогноза

sharp33333

Акциите на јапонскиот производител на потрошувачка електроника „Sharp“ поскапеа откако компанијата ја зголеми прогнозата за годишната добивка, знак дека фирмата се насочува кон успехот под крилото на новиот сопственик „Foxconn Technology Group“, пишува „Bloomberg“.

Хартиите од вредност на „Sharp“ забележаа раст за 11% до 156 јени за време на трговијата во Токио. Компанијата очекува нејзината годишна оперативна и нето добивка „да се подобри значително“, благодарение на напорите да се подобри профитабилноста и благодарение на заедничката работа поврзана со спојувањето со „Foxconn“ во август, објави компанијата во соопштението.

Нето загубата на „Sharp“ стигна 1,4 илјади милиајрди јени (13,4 милијарди долари) во последните пет години, откако таа се насочи кон „LCD“ телевизорите, кои не постигнаа успех, а забави побарувачката на екрани за телефони. Претходно оваа година „Sharp“ го усвои пакетот за спасување од „Foxconn“, со кој заврши битката за купување и која продолжуваше четири години. Во август јапонската компанија изјави дека нејзините обврски веќе не ги надминуваат средствата откако доби 289 милијарди јени помош.

Акциите на „Sharp“ забележаа раст од над 20 отсто во оваа година.

Компанијата ќе објави оперативен профит од околу 40 милијарди јени за годината што завршува во март, пишува весникот „Nikkei“. За споредба, просечната оценка на 10-те аналитичари, прашани од „Bloomberg“, е за 13 милијарди јени. Од „Sharp“ не открија поконкретни податоци.

„Sharp“ ќе ги соопшти официјално резултатите за последното тримесечје на 1-ви ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП