6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИiPhone 4 наскоро заминува во историјата

iPhone 4 наскоро заминува во историјата

cetvorkata-iphone33

Сите корисници на „iPhone 4“ смартфонот наскоро ќе бидат сопственици на застарен производ, барем судејќи според официјалната листа на компанијата која ќе биде објавена на 31-ви октомври.

Компанијата „Apple“ стари модели ги смета сите уреди кои не се произведуваат помеѓу последните 5 и 7 години, а целосно се застарени оние кои не се произведуваат подолго од 7 години.

И додека сопствениците на старите модели можат да сметаат на ограничен спектар на услуги и кога станува збор за поправките, таквата поддршка не важи за застарените производи.

„iPhone 4“ е претставен во 2010-та година, а го наследи моделот „iPhone 4S“ од 2011-та.

Производството на „iPhone 4“ престана во 2013-та година, кога беше прогласен за најдолговечен премиум модел на компанијата – неговата популарност беше на врвот 15 месеци по ред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП