20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKia ги предизвикува германските конкуренти

Kia ги предизвикува германските конкуренти

kiag3

Корејскиот производител „Kia“ ја потврди намерата да пушти на пазарот на „лифтбек“ со 4 врати и заден пренос. Автомобилот ќе го носи името „GT“ и ќе стане директен конкурент на „Audi A5 Sportback“, пишува германското издание „Auto Bild“.

Во основата на идниот модел ќе биде истоимениот концепт претставен уште во 2011-та година на автосаемот во Франкфурт. Досега се претпоставуваше дека сериската верзија на машината ќе се вика „Stinger“, но на крајот Корејците се вратиле кон оригиналната назив „GT“.

Во основата на „лифтбекот“ ќе биде платформата на новиот „Genesis G80“, а под хаубата ќе биде поставен 3,8-литарски атмосферски „V6“ мотор, кој развива моќност од 309 КС. Истиот мотор се монтира и под капакот на „G80“. Во подоцнежна фаза „Kia“ ќе предложи и модификација со 3,3-литарски „V6“ со турбо, кој ќе располага со 370 КС, како и верзија со 5,0-литарски „V8“ со 450 КС.

Главниот адут на корејскиот модел ќе биде неговата цена. Се очекува таа да биде во рамките на 35.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП