23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕјпл се откажува од производството на автомобил!

Ејпл се откажува од производството на автомобил!

apple-i-car-convertimage

Се појави информација дека во мистериозниот проект „Титан Ејпл“ ќе се работи само на изработка на автономен систем за возење, па поради тоа стотина инженери добија отказ.

Проектот „Титан“, за кој веќе една година се пишува како за најмистериозното одделение на „IT“ гигантот, толку е намален што мисијата во целост му е променета.

Како што пренесува „Блумберг“, планот на „Ејпл“ да произведува сопствен автомобил и така да го покори пазарот на електрични автономни возила, е стопиран.

Стотина луѓе беа отпуштени од проектот на кој досега работеа неколку илјади експерти од автомобилската индустрија. Oд оние кои не се оптуштени, одреден број доброволно ја напуштија компанијата, а остатокот од работниците се распределени на други работни задачи.

Оваа вест и тоа како вознемири и изненади некои од раководоителите во „Ејпл“.

„Автомобилот е крајниот паметен мобилен уред, зарем не?, вече директорот на оперативата, Џеф Вилијамс.

Проектот „Титан“ сепак не е во целост згаснат, сега мал број на луѓе работи на него, но наместо автомобили инженерите на „Ејпл“ се обидуваат да развијат само систем за автономно возење.

Сега е во план тој систем да се продава на другите авто-гиганти.

Инаку, „Ејпл“ никогаш не призна дека работи на електричен автомобил, но стана сомнително кога компанијата вработи десетина автомобилски експерти од угледни компании, како „Форд“ и „Мерцедес“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП