ПочетнаЕКОНОМИЈАНово задолжување на Министерството за финансии од 31 милиони евра

Ново задолжување на Министерството за финансии од 31 милиони евра

ministerst

Министерството за финансии за денес најави ново задолжување преку аукција на државни хартии од вредност во износ од 1,915 милијарди денари или приближно 31 милиони евра.

Според Министерството за финансии вчера во стопанството биле вратени 1,8 милијарди денари, а денеска по иста основа ќе врати уште 115 милиони денари.

Според математиките на Министерството за финансии, денешното задолжување е идентично колку и што се враќа неделава- што значи денешното задолжување е еднакво на нула.

Последните податоци заклучно со вториот квартал јавниот долг изнесува 4,2 милијарди евра, или тоа е 45,3 отсто од Бруто домашниот производ(БДП).

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП