18 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 18.10.2016

Дневен хороскоп 18.10.2016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Можно е со помош на соработниците денес да завршите некој важен деловен проект. Во љубовта нема потреба да ја одолговлекувате комуникацијата со личноста која ви се допаѓа. Зафатените ќе бидат нагласено емоционални.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Можете да очекувате подобрување на односите со колегите и соработниците, што придонесува за позитивната атмосфера на работа. Во љубовта ќе се најдете во центарот на вниманието, партнерот ќе биде целосно насочен кон вас.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Можни се помали проблеми со документацијата. Најдобро би било ништо да не потпишувате. Во љубовта ќе бидете прилично несигурни, но ова е само мала криза, наскоро работите ќе бидат променети на подобро.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Доколку имавте во план промена на работата денес можете да очекувате нова и многу интересна понуда. Ако се вклучите во флерт со некој нов познаник ве очекува интересен ден.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Многу поволен ден да се завртите кон новите сознанија на полето за работа кои подоцна можат да ви бидат многу корисни. Можно е да се грижите без причина дали саканото лице има добри намери кон вас. Поразговарајте со него.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес ќе направите многу добра проценка на деловната ситуација и благодарение на тоа ќе донесете важна одлука. Можете да сметате на добра комуникација и со саканото лице кое максимално ви е посветено.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе ви се врати насмевката на лицето во оној момент кога до вас ќе допрат позитивните вести на работното место. Набрзо ве очекува напредување. Во љубовта покрај саканото лице се чувствувате згрижено и сигурно, имате доволно доверба во неговите намери.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Обидете се да ги разјасните недоразбирањата со соработниците. Важно е се сосема отворено и јасно да кажете. Во љубовта на саканото лице сакате да му покажете дека навистина имате добри намери и да не се грижи што во последно време бевте малку отсутни.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Можете да очекувате зголемување на обемот на работа. Набрзо потоа ќе следи и сразмерно зголемување на финансиите. Приврзани сте со вашиот партнер. Сметате дека не постои ништо што би можело да ве раздели, сепак бидете внимателни.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Имате многу енергија и лесно ги поднесувате сите работни обврски. Ве очекува позитивен ден, и во полето на работата и во полето на љубовта. Оние кои се слободни ги очекува ново познанство.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Доколку се занимавате со приватна работа можете да очекувате многу едноставно решение за проблемот кој ве мачел одредено време. Во љубовта ќе дојде до заладување на одностите со брачниот партнер. Ќе имате чувство дека ви е направена неправда.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Малку тежок ден е пред вас, па освен нервоза друго и нема да забележите. Не сте задоволни ниту со емотивната ситуација, па седнете и размислете како да внесете некои промени. Внимавајте и на здравјето, можни се проблеми со грлото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП