5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНејасна е иднината на Toyota Avensis

Нејасна е иднината на Toyota Avensis

avensis3999

Судбината на моделот од средната класа „Toyota Avensis“ е несигурна. Од компанијата потврдија дека „иднината се разгледува“.

Остатокот од палетата на „Toyota“ претстои да се замени или освежи, но падот на продажбата на „Avensis“ може да значи дека моделот ќе го заврши своето учество на европскиот пазар и нема да има негов наследник, соопшти списанието „Auto Express“.

Падот на продажбата во овој сегмент не е резервиран само за „Toyota“, но јапонскиот гигант може да одлучи да се откаже од битката во која учесниците стануваат се повеќе, а уделот на овие модели продолжува да се намалува. Неколку компании веќе ја напуштија оваа нишка на пазарот – седани и караван модели од средната класа и одлучија да се насочат на побогата гама од „SUV“ модели и кросовери.

„Иднината на „Avensis“ се уште не е одлучена, во моментов се анализира целата ситуација. Засега сме задоволни од претставувањето на „Avensis“, моделот се продава добро. Но се уште не сме сигурни дали нашиот следен чекор ќе биде нов модел од средната класа или нешто различно“, вели Јохан ван Цил, претседател и извршен директор на „Toyota“ Европа.

Сегашната генерација на „Avensis“ дебитираше во 2009-та година, а во 2015-та доби редизајн. Според виталните циклуси на моделите на „Toyota“, би требало да ја очекуваме следната генерација на моделот во рамките на следните 18 месеци. Во истиот период, сепак може да дојде и одлуката дека „Toyota“ ќе се насочи кон друг модел.

Претходно оваа година „Citroen“ тивко се откажа од моделот во средната класа „С5“ поради слабата продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП