5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung подготвува две верзии на Galaxy S8

Samsung подготвува две верзии на Galaxy S8

maxresdefault-3

Во кинескиот аналог на социјалната мрежа „Twitter“ – „Weibo“, се појавија детали за подготовките за пуштање на смартфонот „Samsung Galaxy S8“.

Според податоците на изворот, корејскиот производител подготвува 2 верзии на телефонот. Едниот модел ќе располага со 5.1-инчен „Super AMOLED“ екран со резолуција „Quad HD“ (2560 x 1440 пиксели), а вториот со 5.5-инчен екран со резолуција 4K UHD (3840 x 2160 пиксели). Тие ќе работат со 10-нанометри чипови „Qualcomm Snapdragon 830“ и „Exynos 8895“ (во зависност од пазарот). А двојната камера ќе биде присутна само кај поголемиот модел.

Покрај тоа, се најавува интеграцијата на гласовниот асистент „Viv“, кој ќе ја замени функцијата „S Voice“. Потсетуваме дека неодамна „Samsung“ најави купувањето на „Viv Labs“, чии основачи се и креаторите на „Siri“. Како што тврдат програмерите на „Viv“, овој глас помошник ќе биде подобар од „Siri“.

Според претходните гласини скенерот за отпечатоци ќе биде интегриран директно во екранот. Извитканиот дисплеј ќе ја „опфати“ горната и долната страна на телефонот, а не само страници, како што беше досега. Практично екранот ќе ја заземе целата површина на предниот панел.

Најава на „Samsung Galaxy S8“ се очекува на 26-ти февруари 2016-та година, непосредно пред отворањето на саемот „MWC 2017“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП