5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei веќе надмина 100 милиони испорачани телефони во 2016-та

Huawei веќе надмина 100 милиони испорачани телефони во 2016-та

stohuawei

„Huawei“ во Кина на посебен настан ги претстави „Nova“ телефоните, но во исто време компанијата објави уште една интересна информација. Од почетокот на оваа година „Huawei“ има испорачано повеќе од 100 милиони телефони ширум светот!

Oва секако се многу добри вести за „Huawei“ и голема причина за славење. „Huawei“ лани испорача 100 милиони телефони за целата година, а сега останаа уште 2 ипол месеци тој рекорд е надминат.

„Huawei“ веќе претходно објави дека има продадено повеќе од шест милиони примероци од „Huawei P9“, како и повеќе од 1,5 милиони од „Honor 8“ за два месеци од неговото претставување.

Следниот голем телефон на компанијата „Huawei“, „Mate 9“, треба да биде претставен на 3-ти ноември, а во продажба ќе се најде пред крајот на годината, па така се очекува продажба од уште неколку (десетина) милиони телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП