23 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 15-16.10.2016

Викенд хороскоп 15-16.10.2016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Викендот повеќе ќе ви биде поволен за работа отколку за одмор. Ќе бидете иновативни и креативни, а тоа ќе ви се исплати. Во љубовта лесно ги покажувате вашите чувства, оставете нешто сокриено за партнерот да го открие.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Викендов ќе очекувате да добиете некои пари за вашиот прекувремен труд. Наскоро ви следува разговор со надредените. Во љубовта малку олабавете ги нервите, немора да го критикувате секој чекор на партнерот.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Сите ве почитуваат бидејќи покажавте колку вредите. Можете да очекувате и напредување. Доколку сте слободни можно е да ве освои шармантна личност која има многу огнен темперамент.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Викендов ќе сфатите дека сте разочарани од вашите соработници, но тоа е така можеби затоа што сте имале преголеми очекувања. Држете се поблиску до реалните ставови. Мечтаете да пронајдете идеален партнер, но тоа не е така лесна задача.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Можете многу лесно да склопите некои нови деловни контакти кои ќе ви донесат голема корист во иднина. Во љубовта можете да очекувате позитивен викенд и уживање со саканото лице. Пред вас се убави моменти.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Сакате да ги имате сите конци во ваши раце во секој момент. Не сте подготвени да се откажете од контролата која ја имате. На љубовен план ќе следат промени, од вас ќе зависи какви ќе бидат.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Викендов ќе се обидете со ладна глава да направите некој договор кој, според вас, би требало да биде добар за вашата кариера. Имате голема самодоверба, но ви недостасува енергија да ги истерате работите до крај и поради тоа секој ве нервира. Односите со партнерот се солидни.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Полека ви расте самодовербата и веќе не дозволувате да бидете виновни за сите неуспеси што ви се случуваат. Доколку сте осамени, на овој начин никогаш нема да најдете личност што ви одговара. Премногу сте обземени со некој кој не размислува за вас.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Викендов ќе се случи нешто што ќе ви даде верба дека нешто добро може и вам да ви се случи. Можеби тоа не е нешто големо, туку само глас кој ќе ви влее надеж за во иднина. Слушајте ја интуицијата и не дозволувајте да паднете сега кога поголем дел од тешкиот пат е изоден.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Секоја работа која подразбира креативност и познавање на странски јазици ќе ви донесе добивка. Постои можност од заљубување во личност која е позната во јавноста. Ако сте слободни, обратете и внимание на Водолијата. Можно е да ве мачи несоница.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Вие токму сега со зголемено темпо започнувате со работа и целата своја енергија ја насочувате да успеете. Разговорите што ги имавте во изминатата недела, викендов можат да ви донесат успешен договор и континуиран финансиски прилив во следниот период. Партнерот е импулсивен и реагира несоодветно.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ако очекувате вести, би можело да бидете малку разочарани за она што ќе го слушнете. Можно е, всушност, вашите очекувања да се преголеми, или ако сте млади, можете да доживеете разочарување во љубовта. Премногу се нервирате за ситници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП