18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗDaimler ќе инвестира 1 милијарда евра во акумулатори

Daimler ќе инвестира 1 милијарда евра во акумулатори

Generation EQ, Exterieur ;;

Концернот „Daimler“ ќе инвестира околу 1 милијарда евра во развој на нови технологии и производство на акумулатори. Ова го соопшти генералниот директор на германскиот производител Дитер Цетче за новинарите во Хамбург.

Во моментов „Daimler“ произведува акумулатори за своите автомобили и за хибриди, а ја користи моќта на својата ќерка компанија „Accumotive“. Половина од оваа сума – 500 милиони евра, ќе биде инвестирани токму во новите фабрика на компанијата во Каменц (Гер). Покрај тоа Концернот успеа да се договори за соработка со големиот производител на акумулатори „SK Innovation“, кој е дел од јужнокорејскиот хемиски и енергетски холдинг „SK“.

Според плановите на „Daimler“ најдоцна до 10 години секој четврти произведен автомобил од концернот на брендот „Smart“ или на новиот бренд „EQ“ да биде со хибриден или електричен погон.

Уште во мај оваа година најголемиот производител на електрични возила – „Tesla Motors“, објави дека започна изградбата на голема фабрика за акумулатори во Невада. Таа ќе има капацитет од 500.000 примероци годишно. Иако фабриката се уште не е завршен целосно, таа веќе почна со работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП