2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо 2015-та милијардерите станаа „посиромашни“ за 300 милиони долари

Во 2015-та милијардерите станаа „посиромашни“ за 300 милиони долари

Picture illustration of hands silhouetted against a backdrop projected with the picture of various currencies of money

Милијардерите станаа „посиромашни“ минатата година, бидејќи нивното заедничко богатство се намали, иако Азија продолжува да „произведува“ по еден милијардер на секои три дена“, покажува истражувањето објавено во „Ројтерс“.

Преносот на средства меѓу семејства, падот на цените на суровините и посилниот долар доведоа до намалување на вкупниот износ на богатството на милијардери со 300 милијарди долари во 2015-та година или до 5,1 илјади милијарди долари.

Тоа значи дека во просек секој милијардер има богатство во износ од 3,7 милијарди долари, покажува истражувањето спроведено на 14 големи пазари од швајцарската компанија за управување со богатството „UBS“ и советодавната група „PwC“. Бројот на милијардери во студијата е 1397, кој инаку се зголемува за 50 наспроти 2014-та година.

„По повеќе од 20 години создавање на богатство, втората „позлатена ера“ е во застој“, се констатира во извештајот. Во минатата година САД додаваат само пет милијардери на листата на која се приклучуваат 41 Американци, но отпаѓаат други 36. Кина сепак додава на листата 80 нови „ултрабогати“ луѓе.

Новите богаташи во Азија можат да учат од оние во Европа, каде што уделот на „старото богатство“, што се пренесува од генерација на генерација, е најголем. Лидери во овој поглед се Германија и Швајцарија.

Исто така, во извештајот се наведува дека треба да биде направен најголемиот трансфер на богатство во историјата. Според податоците во документот помалку од 500 луѓе ќе предадат 2,1 илјади милијарди долари, сума еднаква по големина со индиската економија, на своите наследници во следните 20 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП