6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHP Inc ќе отпушти меѓу 3.000 и 4.000 вработени во следните три...

HP Inc ќе отпушти меѓу 3.000 и 4.000 вработени во следните три години

hp-mp

Американскиот технолошки концерн „HP Inc“ објави дека ќе отпушти меѓу 3.000 и 4.000 работни места во следните три години, бидејќи производителот на принтери и персонални компјутери продолжува да се бори со намалување на пазарите. Веста доведе до пад за 1,3% на цената на акциите на компанијата во продолжената трговија, пренесува „Ројтерс“.

„HP“, која управува со хардвер бизнисот на поранешната „Hewlett-Packard“, објави во февруари дека ќе ја забрза програмата за реструктуирање и ќе отпушти 3.000 вработени до крајот на фискалната 2016-та година.

Главниот извршен директор на концернот Дион Вејслер вели дека пазарот продолжува да биде нестабилен, кога се соочува со притисок и несигурност.

„Нашите главни пазари се соочуваат со предизвици, а макроекономските услови се менуваат постојано“, коментира тој.

„HP“ очекува приспособен профит за фискалната 2017-та година од 1,55-1,56 долари по акција. Просечната оценка на аналитичарите е за 1,61 долари по акција според „Thomson Reuters I/B/E/S“.

Компанијата очекува трошоците за реструктуирање да се помеѓу 350 и 500 милиони долари. Овој потег се очекува да генерира годишни заштеди во опсег 200-300 милиони долари годишно од почетокот на 2020-та година.

Според компанијата за истражување „Gartner“ глобалната продажба на персонални компјутери се намали за 5,7% во третиот квартал. Ова е осми последователен квартал во кој тие бележат пад. „Gartner“ исто така, објави дека ова е можно најдолгиот континуиран пад во историјата на индустријата со персонални компјутери. Според „IDC“ сепак падот на „PC“ пазарот се забавува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП