5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple заостанува во технологијата за брзо полнење кај iPhone 7 телефоните

Apple заостанува во технологијата за брзо полнење кај iPhone 7 телефоните

char3

Се почесто производителите на смартфони ја вклучуваат и технологијата за брзо полнење во нивните телефони, а тоа значи дека, иако батериите на нашите телефони ќе траа ден или два, сега ќе можеме многу побрзо да ги наполниме.

Меѓутоа, се чини дека од сите производители на паметни телефони, единствено „Apple“ значително заостанува во тој поглед. Тестот кој го направи „AnandTech“ со „iPhone 7“ и „iPhone 7 Plus“ смартфоните покажува дека во поглед на брзината на полнењето на двата уреди, „iPhone“ заостанува зад конкуренцијата.

Се покажа дека дури двата телефони заостануваат и зад своите претходници, што е навистина чудно затоа што новата генерација би требало да биде подобра од претходната.

Како што може да се види на графиконот, на „iPhone 7 Plus“ телефонот му се потребни 2,8 часа да се наполни до крај, додека на претходникот му се потребни 2,56 часа. „iPhone 7“ исто така покажа дека е побавен и дека му се потребни 2,08 часа за полнење до 100 отсто, додека на „iPhone 6S“ му беше потребно помалку време.

charge-phone33

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП