26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon со 20% го зголемува бројот на сезонски работници пред Божиќ

Amazon со 20% го зголемува бројот на сезонски работници пред Божиќ

amazon-b3

„Amazon“ планира да ангажира за 20% повеќе сезонски работници за своите магацини во оваа празнична сезона.

Компанијата со седиште во Сиетл за електронска трговија ќе отвори 120.000 сезонски позиции, што е повеќе од минатогодишните 100.000.

За споредба „Target“ ќе назначи 70.000 лица во продавниците колку минатата година, а „Macy’s“ планира 83.000 назначувања во споредба со 85.000 во 2015-та година.

Стоковните куќи, специјализираните продавници и другите трговци последно време се борат со голем број на проблеми поврзани со помалиот број на посетители кои се насочуваат кон „Amazon“ и можностите понудени од брендовите, како „Hennes & Mauritz“.

Во последните години големите трговци отворија уште магацини и дистрибутивни центри во САД, за побрзо да ги испратат нарачките направени онлајн. Но некои трговци и компании за логистика не успеваат да најдат доволно сезонски работници за складовите.

„Amazon“ и другите се обидуваат да пренесат дел од сезонските вработени со полно работно време по празниците, во обид да привлечат повеќе луѓе. Од компанијата тврдат дека вработиле со полно работно време 14.000 лица кои биле на сезонска работа, а плановите се оваа бројка да се зголеми во оваа година.

Акциите на „Amazon“ ја зголемија својата вредност за 12% во последните три месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП