1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСе затвора фабриката на PSA во Алунај

Се затвора фабриката на PSA во Алунај

hall20130116172059600

Постои голема веројатност „PSA Peugeot Citroen“ да ја затвори својата фабрика во Аулнај во текот на оваа година и тоа како последица на честите штрајкови кои ги организираат вработените, а со тоа го нарушуваат производството. Доколку продолжат штрајковите, фабриката најверојатно ќе биде затворена пред септември.

Во текот на изминатите години овој производител го најави прекинувањето на производството на моделот „Citroen C3“ во оваа фабрика во која работат 3300 вработени. Во текот на минатата година „Peugeot“ забележа оперативна загуба од 576 милиони евра на територијата на Европа, па затоа беше објавен нивниот двегодишен план за намалување на вработените на територијата на Франција кој изнесува 11.200 работници или 17 проценти од нивната вкупна работна сила во таа земја.

Во споменатата фабрика моментално се произведуваат 40 до 50 возила дневно што е за 16 проценти помалку од вкупниот дневен капацитет. Во текот на првиот квартал, продажбата на автомобилите на „Peugeot“ опадна за 15 проценти на територијата на Европа на 345.258 единици.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП