1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКрајот на Шенген би чинел 20 милијарди евра

Крајот на Шенген би чинел 20 милијарди евра

granica-france

Крајот на договорот од Шенген и обновувањето на националните граници во Европската унија (ЕУ) би чинело околу 20 милијарди евра, како првична еднократна вредност. Кон оваа сума треба да се додадат дополнителни трошоци од 2 до 4 милијарди евра годишно, се наведува во извештајот претставен од Европскиот парламент (ЕП) и цитиран од агенциите.

Се прецизира дека наведените износи се еднакви на 0,02-0,03 проценти од БДП-то на земјите од просторот без гранични проверки. Во предвид дека реалните загуби од враќањето на границите е речиси невозможно да се пресмета, како и дека статистиката досега не покажува зголемување на криминалот поради избегнувањето на граничните проверки.

Наведените трошоци вклучуваат физичко враќање на границите, административните трошоци покрај враќањето на проверките, како и загубите за патниците и трговците.

Истражувањето е спроведено од Институтот за истражување со непрофитна цел. Податоците се претставени од ЕП во позадина на очекуваната одлука во текот на наредните денови, дали ќе бидат продолжени привремените гранични проверки, воведени од Германија, Австрија, Шведска, Данска и Норвешка. Прогнозите се дека барем Данска и Германија ќе побараат проверките да продолжат.

Шенгенскиот договор дава можност за враќање на контролата на внатрешните граници во ЕУ во случаи на вонредни околности. Земјите кои привремено ги вратија границите, се засноваа со миграцискиот прилив. Според официјалните податоци за минатата година во ЕУ пристигнале 1,2 милиони мигранти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП