5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAndroid повеќе нема да биде ист! (видео)

Android повеќе нема да биде ист! (видео)

android-nougat-620x350

Првата голема надграба за „Android Nougat“ ќе пристигне на почетокот на декември, а бета верзијата на „Android 7.1“ ќе ја добијат корисниците на „Pixel C“, „Nexus 5X“ и „6P“ уредите веќе во октомври.

Корисниците на „Android“ кои не ги користат некои од споменатите уред, верзијата „Nougat 7.1“ ќе ја добијат во следните месеци.

Верзијата „7.1“ ќе има низа оптимизација и поправки на грешки, но и нов „API“. Тука нормално е и дополнителната поддршка за „Daydream VR“, како и „A/B“ надоградбата за системот, кои во изданието „7.1“ подржуваат посебни пречки за апликациите и сликовна виртуелна тастатура.

Програмерите ќе можат да користат посебни пречки за своите апликации директно во „launcher“ кој ќе им овозможи директен пристап до некои од динамичките или статичните можности.

Тука се и ресурсите за кружните икони кои програмерите ќе можат да ги искористат за сопствените апликации, така што со изгледот ќе можат што повеќе да се прилагодат на „Pixel launcher“.

Посебен нагласок е ставен и на виртуелната тастатура, на која ќе може да се користат и сликовити прикази, анимирани „GIF“ датотеки и слични содржини наместо вообичаените букви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП