27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW претстави футуристички мотоцикл (фото+видео)

BMW претстави футуристички мотоцикл (фото+видео)

moto-bmw-00

По три автомобилски концепти, „BMW Vision Next 100“, „Rolls-Royce 103EX“ и „MINI Vision Next 100“, со кој баварскиот производител одбележа век постоење, сега следи и специјален мотоцикл во чест за овој голем јубилеј на компанијата.

Четвртиот концепт на „BMW“ исто така ја има ознаката „Vision Next 100“, a е замислен како напредно решение мотоцикл на иднината. Покрај тоа што е обликуван како за потребите за снимање на некој „SF“ филм, овој мотор воведува и некои значајни новитети на полето на безбедноста.

moto-bmw-01

Како што тврдат од „BMW“, возачот на моторот нема потреба да носи заштитна кацига и специјално одело, затоа што е мотоциклот е опремен со т.н. „Self-Balancing“ механизам кој спречува превртување. Оваа технологија обезбедува стабилност на мотоциклот како во возењето, така и при стопирање и мирување.

Благодарејќи на автоматскиот баланс, дури и возчи почетници нема да можат да се превртат со овој мотор, велат од „BMW“.

moto-bmw-02

Покрај освртот кон иднината, „BMW Motorrad“ при дизајнирањето на мотоциклот „Vision Next 100“ се посвети и на своето минато, па така рамот има триаголна форма што претставува посвета на моделот „R32“ од 1923-та година.

Погонскиот систем, чии спецификациите производителот засега не ги откри, исто така е обликува по примерот на класичниот „BMW“ – „боксер“ мотор. Меѓутоа, таква е само неговата надворешност – внатре сепак се крие еколошки прифатлив електричен агрегат.

moto-bmw-03

Поради тоа што е во прашање футуристички проект, „BMW“ го возачот го опреми со специјален визир (по примерот на „Google“ очилата), со чија помош се остварува поврзаност со борд компјутерот и мотоциклот, како и на „head-up“ дисплеј, кој прикажува информации кои се важни за возењето.

Исто така, класичното одело е заменето со специјално, кое по потреба го грее или разладува возачот, околку вратникот нуди поддршка и удобност на вратниот дел на рбетот за време на возењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП