5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHP во соработка со HTC подготвува компјутер за HTC Vive

HP во соработка со HTC подготвува компјутер за HTC Vive

hp-htc-vive

Компаниите „HP“ и „HTC“ ги здружија силите со цел да подготват компјутерски концепт кој во целост би моделот да го користи „VR“ уредот на „HTC“ – „HTC Vive“. Должноста на „HP“ е да подготви доволно моќен компјутер, а пак на „HTC“ да ги испорача „VR“ уредите.

„HP“ се одлучи за компјутерот од серијата „Envy“ – „Envy 750-470na“ кој се темели на процесорот на „Intel“ – „Core i5-6400“ и 8 GB DDR4 RAM. Кога станува збор за графиката „HP“ се одлучи за „AMD“ графичката картичка „Radeon RX 480“ која е опремена со 8 GB GDDR5 VRAM, како и со еден „HDMI“ и три „DP“ видео излези.

За чување на податоците „HP“ се одлучи за комбинација на еден 128-гигабајтен „SSD“ и еден механички диск со капацитет од 1 TB. „Envy 750-470na“ доаѓа со поддршка за „Bluetooth“ (4.0) и „Wi-Fi“ (802.11 a/b/g/n/ac) технологии. Oд портите за натамошно проширување, т.е. за приклучување на периферна опрема, „HP“ подготви по четири „USB 2.0“, како и четири „USB 3.0“ порти.

Внатре во комплетот „HP“ испорачува и жичена „USB“ тастатура и жичен (oптички) глушец. Според информациите компјутерите ќе бидат со оперативниот систем „Windows 10 Home“. Што се однесува до делот на „HTC“ од оваа работа, „HTC“ ќе испорача „HTC Vive VR“ уреди со два бежични контролери, софтвер и сите потребни додатоци.

Цената на вака составениот комплет изнесува околу 1.500 фунти, но засега нема информации кога тој ќе биде подготвен за продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП