2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМобилна телевизија од 40 ТВ канали достапни на телефон, таблет или компјутер

Мобилна телевизија од 40 ТВ канали достапни на телефон, таблет или компјутер

 

vip

Вип воведува нова услуга, Vip NOW, со која корисниците ќе можат директно на својот мобилен телефон, таблет или компјутер да следат 40 ТВ канали (локални и интернационални) во живо.

„Со симнување на апликацијата Vip NOW корисниците добиваат 40 ТВ канали (локални и интернационални) во живо, ТВ распоред за 7 дена наназад и 3 дена однапред, ќе можат да се навратат на емитуваната програма за изминатите 7 дена на сите ТВ канали, да снимаат содржина во времетраење до 10 часа која останува достапна во текот на 3 месеци, како и да ја користат Видеотеката (филмови и серии достапни во каталогот) со неограничено гледање на достапните содржини. Апликацијата е достапна за Android и iOS оперативните системи“, се вели во соопштението од компанијата.

Услугата Vip NOW е достапна за сите корисници на Vip Постпејд, и може да се активира единствено онлајн при што првиот месец услугата се користи бесплатно и истата може да биде исклучена во секое време. По првиот месец, користењето на услугата се наплатува со месечна претплата од 299 денари на Вип Постпејд сметката. За користење на услугата потребен е интернет пристап, кој не е вклучен во оваа цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП