18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord ја зголемува моќноста на Mustang

Ford ја зголемува моќноста на Mustang

mustang399

Спортската поделба на компанијата „Ford“ – „Ford Performance“, подготви пакети за доработка за новата генерација на купето „Mustang“. Инженерите имаат развиено програми за зголемување на моќноста на верзиите со 2,3-литарски „EcoBoost“ и со 5,0-литарски „V8“.

Моќноста на турбомоторот со 4 цилиндри е зголемена за 25 КС и 95 Нм, па крајниот резултат е 335 КС и 328 Нм вртежен момент. Промената е остварена единствено со помош на работа на поставките на електронскиот систем за управување на моторот.

За „Mustang GT“ со 5,0-литарски „V8“ инженерите имаат подготвено 3 варијанти. Кај првата репрограмирањето на моторот и поставувањето на нов филтер за воздух додаваат 13 КС и 21 Нм кон стандардните 435 КС и 541 Нм.

Вториот пакет нуди промени во издувниот систем, кој ќе биде позајмен од верзијата „Shelby GT350“. Ова ја зголемува моќноста за 21 КС и 32 Нм. Додека кај третата варијанта моторот добива дополнителни 37 КС и 6 Нм вртежен момент.

Доработките на „Ford Performance“ се достапни како за верзијата со рачни менувачи, така и за таа со автоматска трансмисија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП