2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle се подготвува да изгради огромна централа во Лондон

Google се подготвува да изгради огромна централа во Лондон

golondon33

„Alphabet“, компанијата мајка на „Google“, бара градежна фирма, која ќе ја изгради нејзината нова централа во Лондон, откако ги одобри плановите за проектот, тврдат двајца извори запознаени со оваа тема, цитирани од „Bloomberg“.

Технолошкиот гигант поканил различни градежни компании, да аплицираат за изградба на проектот, одобрен во 2013-та година, а подоцна одложен за амбициозен развој, велат анонимните извори.

„Google“ има за цел да се започне изградбата на централата пред крајот на следната година, дополнуваат тие. Портпаролката на „Google“ одби да даде одговор на ова прашање.

Два месеци откако „Google“ доби одобрение за изградба на зградата со површина од 85.000 квадратни метри, во близина на железничката станица „King’s Cross“, компанијата се откажа од планот, кој вклучуваше патека за трчање на покривот. Компанијата сака да создаде „нешто што е уште подобро“, најави тогаш Џо Борел, шеф за недвижен имот и изградба во „Google“.

Одлуката да почне да бара изведувач на проектот нагласува колку атрактивен е Лондон за технолошките компании, дури и по одлуката на Британците нивната земја да излезе од Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП