4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook го лансираше сервисот за корпоративна комуникација

Facebook го лансираше сервисот за корпоративна комуникација

image-9

Компанијата сопственик на истоимената најголема светска социјална мрежа Facebook, го објави во понеделникот месинџерот за корпоративна комуникација Workplace, според соопштението за медиумите.

„Денеска објавуваме дека Workplace е веќе достапен за секоја компанија или организација, којашто ќе посака да го користи“, објавија од Facebook.

Како што се истакнува во продолжение, тестирањето на новата услуга траело повеќе од една година. Во моментов неа ја користат околу илјада организации ширум светот. Најпопуларна апликацијата е во Индија, САД, Норвешка, Велика Британија и Франција.

Од Facebook, исто така, посочуваат дека ќе се плаќа за користењето на новиот сервис. Цената се движи од 1 до 3 долара месечно, во зависноста од бројот на активните корисници. Притоа, компанијата нуди бесплатен пристап за запознавање со услугата во траењето од три месеца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП