„Facebook“ добила 11,3 милиони фунти (14 милиони долари) даночен кредит од Велика Британија во текот на минатата година, што во голема мера е компензиран со износот што требало да го плати за даноци, покажуваат новите документи на компанијата. Тоа ги подгрева стравувањата дека компанијата не плаќа доволно даноци во земјата, пишува „CNBC“.
Американската социјална мрежа платила 4,1 милиони долари даноци во Велика Британија за 2015-та година, што е значително повеќе од уплатените 4.327 фунти во 2014-та година.
Во март „Facebook“ објави дека повеќе нема да ги земе во предвид приходите од продажбата на реклами на британската поделба во Ирска, во Велика Британија. Како peзyлтaт нa тoа и ĸopпopaтивниот дaнок, кој се плаќа во Beлиĸа Британија, нapacнa дo неколку милиoни фунти.
Компанијата сепак забележа и даночен кредит од 11,3 милиони фунти за годината, кој може да се користи за надоместување на идни плаќања. Кредитот е распределен по даночните правила поврзани со бонус програмата за вработените во „Facebook“.
Сметководствените практики на „Facebook“ одговараат на регулацијата во Велика Британија, но голем број експерти упатија остри критики кон американската компанија, чија пазарна капитализација е 371 милијарди долари.
Активностите на „Facebook“ во Велика Британија, каде што компанијата имаше 854 вработени на крајот на 2015-та година, е фокусирана главно во одржувањето поврзано со продажба, маркетинг и инженеринг прашања.
Прометот на „Facebook“ во земјата во 2015-та година достигна 210,7 милиони долари, што е над 104,9 милиони долари кои ги оствари во претходната година. Но, компанијата забележа загуба за годината по даноците – во износ од 41,1 милиони долари. Сумата е повисока од онаа за 2014-та година, која беше 28,4 милиони долари.
Сепак „Facebook“ генерираше профит од 3,7 милијарди долари во светски рамки за 2015-та година при приходи од 17,9 милијарди долари.
Сето ова се случува во момент во кој даночните практики на различните компании повторно се во центарот на вниманието. Минатата недела британскиот премиер Тереза Меј ги предупреди компаниите кои го избегнуваат плаќањето на даноците, велејќи им дека владата „ги следи“.