5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung го сопре производството на Galaxy Note 7 поради нови проблеми

Samsung го сопре производството на Galaxy Note 7 поради нови проблеми

notica33

Јужнокорејскиот технолошки гигант „Samsung Electronics“ го сопре производството на својот нов модел паметен телефон Galaxy Note 7 по извештаите за пожари и на заменетите уреди, соопштија во понеделникот јужнокорејските медиуми.

Одлуката на „Samsung Electronics“ привремено да го запре производството на моделот Galaxy Note 7 е донесена во соработка со властите во Кина и во САД, откако два американски добавувачи ја запреле продажбата или замената на новите телефони од споменатиот модел, пренесува јужнокорејската агенција Yonhap цитирајќи неименувани извори.

Проблемите со заменетите уреди Galaxy Note 7 отвораат ново и скапо поглавје во овој глобален скандал кој му наштети на реномето на најголемиот светски производител на паметни телефони. Би можело, исто така, да претставуваат и нови опасности за потрошувачите.

Компанијата AT&T, вториот по големината американски безжичен оператор, порача дека ќе престане да ги дистрибуира новите Galaxy Note 7, како замена за повлечените уреди поради информациите за пожарите за кои од „Samsung“ наведоа дека содржат сигурни батерии.

Третиот американски безжичен оператор T-Mobile US објави дека привремено ја запира продажбата на новите Galaxy Note 7, како и заменетите, се додека компанијата „Samsung“ не ги истражи „бројните извештаи за проблеми“ на својот водечки уред.

Од „Samsung“ на 2-ри септември најавија глобално повлекување на 2,5 милиони телефони од моделот Galaxy Note 7 од десет пазари, вклучително и оној во САД, поради неисправноста на батериите кои предизвикуваат палење на телефоните.

Минатата седмица авион на воздухопловната компанија „Southwest“ беше евакуиран откако телефон Galaxy Note 7, кој бил заменет, почнал да чади, објави во медиумите семејството чиј бил телефонот.

Во „Samsung“ во понеделниот објавија дека ги истражуваат извештаите за палењата на нивните мобилни телефони, и оти ќе донесат заклучоци откако истрагата ќе биде завршена.

„Доколку утврдиме дека постои проблем со безбедноста, Samsung веднаш ќе преземе чекори одобрени од Американската комисија за безбедност на потрошувачките производи (CPSC) за да ги надмине проблемите“, објавија во понеделникот од јужнокорејската компанија во дописот до Reuters.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП