Mercedes-Benz ја објави најдобрата месечна продажби во целата своја историја во септември и го зголеми растојанието пред главниот конкурент „BMW“ во битката за првото место во луксузниот сегмент.
Вкупно за деветтиот месец од годината компанијата има пласирано 211.286 возила што е 12% раст во однос на истиот период од 2015-та година. Со тоа „Меrcedes“ за прв пат ја надминува границата од 200.000 продажби месечно.
„BMW“ ќе ги објави резултатите за септември оваа недела, но аналитичарите очекуваат растот таму да е умерен од редот на 6%.
Двете компании со децении водат „битка“ за првата позиција кај луксузните брендови, а во последните години челната позиција секогаш беше за баварците. Во 2016-та, сепак „Mercedes“ забележа значителен раст благодарение на силниот импулс од новата генерација на „Е-Class“ и обновената „SUV“-гама. Вториот силен адут на компанијата од Штутгарт е завидниот нејзин раст на кинескиот пазар. За првите 8 месеци од годинава „Mercedes“ пласираше 1.32 милиони автомобили, наспроти 1.28 милиони на „BMW“.
Баварците сепак остануваат лидери за општо корпоративните продажби благодарение на силниот придонес на нивната „ќерка“ марка – „MINI“.
„За нас најважен останува балансот помеѓу волуменот и принос“, коментира трговскиот директор на „BMW“ Иан Робертсон за време на Парискиот автосаем.
На 13-ти октомври компанијата ќе ја покаже за прв пат обновената „Series 5“ – модел кој може да го сопре трендот и да ја врати лидерската позиција.