12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTesla и SolarCity нема да имаат потреба од зголемување на капиталот

Tesla и SolarCity нема да имаат потреба од зголемување на капиталот

ilona-333

„Tesla Motors Inc.“ и „SolarCity Corp.“ нема да имаат потреба од зголемување на капиталот во оваа година, додека двете компании се подготвуваат за спојување, вели милијардерот Илон Муск.

Муск, кој е извршен директор на „Tesla“, објави на „Twitter“ дека би сакал „да се прилагодат на очекувањата дека „Tesla“/„SolarCity“ ќе треба да го зголемат капиталот или корпоративниот долг во четвртиот квартал. Нема да е потребно за ниту една од двете компании. Во одговор на прашање на корисник дали тоа нема да е потребно во текот на првиот квартал на 2017-та година, Муск одговори: „Веројатно не и тогаш – за ниту една од двете компании“, пренесува „Bloomberg“.

На 29-ти август вработените на „Tesla“ беа известени преку „e-mail“ од Муск дека на автомобилскиот производител му е потребно да подигне дополнителен капитал во четвртиот квартал, бидејќи компанијата треба да продолжи со производството на својот седан „Model 3“. Претходно овој месец „Tesla“ соопшти дека во третиот квартал се произведени 24.500 електрични возила, со што ги надмина очекувањата на аналитичарите.

Муск предложи во јуни неговата компанија да ја купи „SolarCity“, што беше поздравено со скептицизам од пазарот, а акциите паднаа за околу 10 отсто во првиот трговски ден по објавувањето на одлуката. За „SolarCity“, каде Муск е претседател на одборот и најголем акционер, излегувањето на добивка изгледа илузорно, а во текот на годините „Tesla“ постојано се стремеше кон поголемо финансирање. Предложеното спојување наскоро може да биде подложено на гласање од акционерите на „Tesla“ и „SolarCity“.

Во документ од петок до Комисијата за хартии од вредност и берзи, од „Tesla“ изјавија дека тековните операции на компанијата ќе обезбедат „соодветна ликвидност“ до крајот на фискалната година, но планираат да соберат дополнителни средства до крајот на годината. Сумата не е одредена, покажуваат документите.

Акциите на „Tesla“ започнаа со силен раст во минатата недела, по скок со 4,7 отсто поради силните снабдувања, но ја завршија неделата со пад од 3,6 отсто поради намалените проценки на два од врвните банкарите на Муск – „Goldman Sachs Group Inc.“ и „Morgan Stanley“.

Во неделата Муск напиша на „Twitter“ исто така, дека на 17-ти октомври ќе се одржи ново производно претставување на „Tesla“ – изјава со која го изненади аналитичарите. Тоа ќе биде проследено со настан на 28-ми октомври, поврзано со претставувањето на пазарот на комбинираниот систем за соларна енергија, зачувување на енергијата во акумулатори и системи за полнење на електричните возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП