6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги: Подготвени сме да обезбедиме уште стимулации, ако е потребно

Драги: Подготвени сме да обезбедиме уште стимулации, ако е потребно

mario-dragi-333

Претседателот на Европската централна банка, Марио Драги изјави уште еднаш дека доколку е потребно банката е подготвена да обезбеди дополнителни стимулативни политики, користејќи ги сите расположливи финансиски инструменти.

Говорејќи на почетокот на редовната годишна средба на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка во Вашингтон, Драги предупреди дека економскиот раст во еврозоната е малку послаб од очекувањата и дека идните перспективи се „резервирани“.

„Ако треба, ние ќе дејствуваме, користејќи ги сите расположливи инструменти во рамките на нашиот мандат“, посочи тој.

Во исто време претседателот на ЕЦБ посочи дека досегашните стимулирачки мерки работат и дека има подобрување на преносниот механизам кој го спроведува банката за монетарната политика кон реалната економија во еврозоната.

„Нашата многу флексибилна и стимулирачка монетарна политика дава поттик, кој е потребен за зајакнување на економското заздравување во еврозоната и за постепено враќање на инфлацијата кон нивоа кои сметаме дека се во согласност со нашата цел“, изјави Драги.

„Гледајќи напред, ние ќе го задржиме најголемиот износ на парична помош кој е потребен за да се обезбеди, без непотребно одлагање, зголемување на стапката на инфлацијата кон нивоа од малку под 2 отсто“, потврди менаџерот на ЕЦБ.

Уште еднаш тој ги повика европските влади да помогнат на тековната политика од страна на централна банка преку реформирање на нивните економии. Марио Драги им препорача на владите да се искористи „уникатен прозорец на можности“, создаден од олабавувањето на монетарната политика на ЕЦБ, за да спроведат неопходните структурни реформи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП