3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗGenesis ја покажа спортска верзија на G80

Genesis ја покажа спортска верзија на G80

g80-sport-00

Брендот „Genesis“ кој е дел од „Hyundai“ ја објави првата официјална фотографија на сериската верзија на седанот „G80 Sport“ и откри нови информации за возилото.

Светската премиера на предсериската варијанта на машината се одржа за време на автомобилскиот саем во Пусан (Јужна Кореја) во јуни оваа година. Од стандардниот „G80“, неговата спортска модификација се разликува по решетката на ладилникот, браниците, затемнетите светла и 19-инчни тркала.

g80-sport-01

Во кабината на седанот се ставени спортски седишта и волан, а предниот панел е направен од карбон. Седиштата се обвиткани со двобојна кожа која е перформирана. Педалите се од алуминиум.

На домашниот пазар „G80 Sport“ излегува со бензински твин-турбо „V6“ мотор со зафатнина од 3,3 литри, развива моќност од 370 КС. Тој работи во комбинација со 8-степен автоматски менувач. Седанот има добиено систем за погон на четири тркала – „HTRAC“ и адаптивна суспензија, а во опремата му влегуваат уште панорамски покрив и комплекс од системи за безбедност „Smart Sense“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП