29 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДоколку пронајдете пропуст во iOS 10 наградата е 1.5 милиони долари

Доколку пронајдете пропуст во iOS 10 наградата е 1.5 милиони долари

desetka-ios-33

Паметниот телефон „iPhone“ важи за еден од најбезбедните уреди кои можете да ги купите, но и тој не е совршен и 100 проценти отпорен на хакерски напади.

Доколку некој успее да го „провали“ може да се надева на награда.

Безбедносната компанија „Zerodium“, која е најпозната по своите наградни програми за пронаоѓање на критични безбедносни пропусти, одлучи да ја зголеми наградата за „jailbreak“ на „iOS 10“ на дури 1.5 милиони долари, пишува „ICT Business“.

Оваа сума претходно изнесуваше половина милион долари, а хакерите треба да направат демонстрација на „zero-day“ далечински „jailbreak“ на „iOS 10“ платформата без да имаат пристап до уредот.

Интересен е податокот и дека е двојно зголемена наградата и за далечинскиот „jailbreak“ и на „Androida 7.0“. Од првичните 100.000 долари, наградата се искачи на 200.000 долари.

Основачот на „Zerodium“, Чауки Бекрар, рече дека наградата е зголемена со цел да се подобри безбедноста на системите „iOS 10“ и „Android 7“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП