5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMaserati му доаѓа на помош на Jeep

Maserati му доаѓа на помош на Jeep

jepp44

Идниот „Jeep Grand Wagoneer“ треба да биде едно од изненадувањата во сегментот на луксузни кросовери. Тој треба да се појави на пазарот во 2018-та година, а ќе се нуди во рамките на 100.000 долари.

За да може да ги оправда овие карактеристики на теренецот, компанијата „Jeep“ ќе добие сериозна поддршка од „Maserati“, друга марка од концернот „Fiat-Chrysler“.

Во „Jeep“ се надеваат нивниот теренец ќе може да се спротивстави успешно на моделите, како „Range Rover“ и дури „Bentley Bentayga“, иако ќе биде значително подостапен од нив, според цената. Што сепак ќе може да предложи марката која досега немала предлог во овој сегмент? Најскапиот кросовер на „Jeep“ е спортскиот „Grand Cherokee SRT“ кој се проценува на 60.000 долари.

За изданието „Auto Express“ шефот на американската компанија Мајк Манли тврди дека новиот „Jeep Grand Wagoneer“ во највисоко ниво на опрема ќе чини околу 140.000 долари, а стартната верзија ќе биде околу 2 пати поевтина. Тоа значи дека таа ќе биде на нивото на почетните модификации на „Mercedes-Benz GLS“ и „Range Rover“.

За да се постигне успех во „Jeep“ ќе обложуваат луксузните и скапи материјали во возилото, но тоа нема да биде доволно. Затоа и тука доаѓаат на помош „роднините“ од „Maserati“ кои на теренецот ќе му обезбедат посебен мотор. Станува збор за „V8“ моторот со ознака „F154“, кој е опремен со 2 турбополначи и е поставен во модели на „Ferrari“ и на седанот „Maserati Quattroporte GTS“. Кои сепак ќе бидат неговите карактеристики кај „Jeep Grand Wagoneer“, претстои да разбереме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП