1 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАRabotnickiprava.mk - нова веб-страница преку која работниците ќе имаат полесен пристап до...

Rabotnickiprava.mk – нова веб-страница преку која работниците ќе имаат полесен пристап до информации за своите права

rab

Со цел да се овозможи полесен пристап до информации за работничките права, во склоп на одбележувањето на Светскиот ден за пристојна работа 7 октомври, и официјално е пуштена во употреба новата синдикална веб-страница www.rabotnickiprava.mk .

Изработката на веб-страницата е финансирана од Европската Унија преку проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, а е реализирана од Меѓународната организација на трудот – МОТ. Со ова официјално започнува и медиумската кампања наменета за подобра заштита на правата на работниците, и со цел обезбедување поголема нивна благосостојба.

Страницата има намена да ги едуцира и информира работниците, се со цел да бидат подобро запознаени со своите права, како брзо да реагираат и да се заштитат. Станува збор за заедничка веб-страница на сите синдикални организации во Македонија, Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија, на сите нивни членови и за сите оние кои имаат потреба од заштита.

caa

Страницата е прегледна и јасна, поделена во неколку категории со цел корисниците лесно и брзо да може да се снајдат. Дискриминација, мобинг, колективно договарање, право на одмор, плата – се само дел од темите кои се поставени на насловната страница. За истакнување е делот за често поставувани прашања, каде работниците може да се информираат од туѓите искуства и да се охрабрат да ги постават своите прашања со цел да решат некакви проблеми.

Веб-страницата www.rabotnickiprava.mk се промовира на Светскиот ден на пристојна работа, кој традиционално секоја година се одбележува на 7 октомври насекаде низ светот. Целта е работниците да добијат гаранција за своите права, сигурност, подобра плата и подобри услови за работа, што севкупно ќе придонесе подостоинствен работен век секому.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП