10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГодишната добивка на easyJet се намалува за прв пат од 2009-та

Годишната добивка на easyJet се намалува за прв пат од 2009-та

budzi 33

Британската нискобуџетна компанија „easyJet“ предупреди дека нејзиниот профит ќе се намали за над 25% во оваа година, откако проблемите поврзани со безбедноста во некои земји ја ограничиле побарувачката, а ниските цени на горивата значат зголемена конкуренција на европскиот пазар на кратки растојанија, соопштува „Ројтерс“.

Повисоката изложеност на „easyJet“ кон терористички напади на дестинации во Египет, Турција и француските градови Париз и Ница значи дека авиокомпанијата се претставува полошо во оваа година, отколку неговиот постар конкурент во нискобуџетниот сектор „Ryanair“.

За годината до 30-ти септември 2016-та година „easyJet“ рече дека профитот на компанијата ќе се намали за прв пат од 2009-та година и ќе биде меѓу 490 и 495 милиони фунти, наспроти 686 милиони фунти за минатата година.

Проблемите со безбедноста се совпаѓаат со гласањето на Британија да излезе од Европската унија, кој доведе до девалвација на фунтата. Тоа ја чинело „easyJet“ околу 90 милиони фунти во истиот период.

„Оваа година сме несразмерно погодени од вонредни настани, но одличната мрежа, контролата врз трошоците и иницијативите за приходи, како и силниот ни баланс ја нагласува нашата доверба во бизнисот“, рече извршниот директор на „easyjet“, Каролин МакКол.

„Ryanair“ го задржи насоките за добивка за годината до крајот на март 2017-та година. Таа очекува профитот да порасне за 13% до меѓу 1,38 и 1,43 милијарди евра.

Како „easyJet“, така и „Ryanair“ се погодени од намалувањето на тарифите, додека компаниите во цела Европа ќе ги искористат ниските цени на горивата за да го зголемат својот капацитет, принудувајќи ги превозниците да ја намалат цената за место со цел да бидат конкурентни.

Приходите од место на „easyJet“ се намалиле за 8,7% во четвртиот квартал, тренд кој најверојатно ќе продолжи и во првиот квартал во новата фискална година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП