23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЊујорк го надмина Лондон како најпосакуван глобален пазар за инвестиции во недвижности

Њујорк го надмина Лондон како најпосакуван глобален пазар за инвестиции во недвижности

ned 00

Лондон го отстапи на Њујорк првото место на листата на консултантската компанија „Cushman & Wakefield“ за најпосакуваната дестинација во светот за инвестирање во имот.

Компанијата испита 25 глобални пазари на недвижности за периодот јуни 2015-та година – јуни 2016-та година. Податоците покажуваат дека се повеќе инвеститори се заинтересирани за глобалните центри во потрага по безбедност и раст. Набљудуваните пазари за овој период привлекоа 53,3% од инвестициите во секторот, наспроти 52,7% за претходниот 12-месечен период.

Лондон ја зазема втората позиција на листата, а уделот на инвеститорите кои имаат намера да вложуваат во недвижности во британската престолнина, се намалува за околу една третина во однос на претходниот 12-месечен период поради „Brexit“ и влошените перспективи пред пазарот на деловен простор.

ned 02

Третото место е за Париз, а топ 10 се дополнува од Лос Анџелес, Амстердам, Сиднеј, Берлин, Хонгконг, Сан Франциско и Шангај.

Вкупниот обем на инвестициите во секторот на имотите на глобално ниво за периодот порасна до 1,35 илјади милијарди долари и покрај стравувањата за забавување на светската економија и политичките пречки, пресметува уште компанијата. Прекуграничните инвестиции во Америка и Азија растат побрзо во споредба со Европа, пишува во извештајот на компанијата.

Водечките инвеститори во недвижности во светот доаѓаат претежно од САД. Американски инвеститори вложиле 51 милијарди долари за периодот во секторот на недвижностите. Следат компаниите од Кина со 16,8 милијарди долари, Сингапур со 16,3 милијарди долари, Канада со 14,7 милијарди долари и Катар со 10,3 милијарди долари.

Меѓу клучните инвеститори во недвижности на глобално ниво се наошаат уште компании и фондови од Јужна Кореја и Хонгконг, кои ги зголемија вложувањата со 66% и 76%, како и од Обединетите Арапски Емирати и Германија.

Многу од европските играчи во последните месеци се оддалечуваат од глобалните пазари и остануваат активни само во родните земји и региони во позадина на девизните флуктуации. Се очекува тоа да се задржи како тренд во блиска иднина.

ned 03

Основен предизвик пред инвеститорите останува „Brexit“, бидејќи Лондон сепак се обидува да ја задржи својата позиција на глобален центар. Од ситуацијата, според експертите, најмногу ќе имаат корист пазарите во Даблин, Париз, Франкфурт и Њујорк, како и Амстердам, Токио, Сингапур, Хонгконг и Сиднеј.

Њујорк е најголемиот инвестициски пазар во секторот на недвижностите поради богатиот избор во споредба со другите глобални пазари. Токио сепак доминира во сегментот на канцелариски простор. Париз, пак, е определен како најликвиден инвестициски пазар во светот.

Берлин се појави како најпривлечен за младите луѓе, Франкфурт е пазарот со најниски трошоци на станарите, Хонгконг е пазарот со најсигурна бизнис средина, Амстердам е пазарот со висок принос, а Сингапур е пазарот каде најлесно се прави бизнис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП