13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајскапите брендови во светот за 2016-та година

Најскапите брендови во светот за 2016-та година

brends3

Четврта година по ред „Apple“ го освои првото место меѓу најскапите брендови во светот во рангирањето на „Interbrand“.

Ранг-листата за 2016-та година покажува дека технолошкиот бренд е оценет на 178 милијарди долари, или за 5% повеќе во однос на една година порано. Второто место го зазема „Google“ со 133 милијарди долари, а третата позиција е за „Coca Cola“ со 73 милијарди долари.

Топ 5 се дополнува со „Microsoft“ и „Toyota“, чии проценки изнесуваат 72.7 милијарди долари и 53,5 милијарди долари.

Меѓу десетте најскапи марки во светот се наоѓаат уште и „IBM“, „Samsung“, „Amazon“, „Mercedes“ и „General Electric“.

Најсилен раст во проценката во однос на лани направи „Facebook“. Социјалната мрежа веќе се рангираше на 15-та позиција, а проценката се зголемува за 48%, до 32.59 милијарди долари. Сериозен раст бележат уште и „Amazon“ (33%), „Lego“ (25%), „Nissan“ (22%), „Adobe“ (21%) и други.

Во топ 10 само три компании кои не се американски – јапонската автомобилска марка „Toyota“, јужнокорејскиот „Samsung“ и германски „Mercedes“.

Меѓу 11-та и 20-та позиција се уште „BMW“, „McDonald’s“, „Disney“, „Intel“, „Facebook“, „Cisco“, „Oracle“, „Nike“, „Louis Vuitton“ и „H&M“.

„Pepsi“ во рангирањето е на 23-то место, а „IKEA“ е три места подолу. „Zara“, сопственост на „Inditex“, која ја поседува вториот најбогат човек во светот Амансио Ортега, е рангирана на 27-та позиција, а „Ebay“ и „Nescafe“ се соодветно на 32-ро и 36-то место. Германскиот производител на автомобили „Porsche“ е 50-ти.

Деби во листата на топ 100 на најскапите брендови во светот направи „Tesla“ која го зазема последното место.

Новите две компании, кои потекнуваат од поделбата на „Hewlett-Packard“, исто така се за прв пат во рангирањето – односно на 44-то и 48-мо место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП