20 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИФлексибилната батерија на Panasonic

Флексибилната батерија на Panasonic

fleks baterija 33

Јапонскиот производител на електронски уреди „Panasonic“, заедно со „Samsung“ и „LG“, работи на развој на флексибилна батерија која би можела да се вгради во носивите уреди, како што се паметните часовници или нараквици.

Овој пат на саемот „Ceatec“ претставија нов прототип на една таква батерија која нуди можност за превиткување и со тоа се овозможува вградување во нараквица, или пак во изработка на флексибилни паметни картички кои притоа нема да се оштетат при носење во џеб.

Претставената флексибилна батерија е дебела само 0,55 милиметри, а можно е да се преклопи најмногу до 25 степени, и тоа во радиус од 25 милиметри. Такво превиткување може да се изврши повеќе од 1.000 пати, а батеријата притоа може да задржи најмалку 99% изворниот капацитет.

Oвој концепт отвора можност за нов дизајн на уредите – различни флексибилни мобилни телефони, флексибилни преносни уреди, и слични се уште не видени производи. Нормално, по услов и сите други електронски компоненти кои се вградени да бидат флексибилни.

„Panasonic“ првите испораки на овие батерии би требало да бидат остварени веќе на крајот на овој месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП