
Јужнокорејскиот производител на гуми, „Hankook“ одеднаш се појави како потенцијален алтернативен снабдувач на пневматици во Формула 1.


Јужнокорејскиот производител на гуми, „Hankook“ одеднаш се појави како потенцијален алтернативен снабдувач на пневматици во Формула 1.
Иако во моментов е под силни критики за гумите во оваа сезона, италијанскиот снабдувач на пневматици „Pirelli“ на кого договорот му истекува на крајот од првенството има желба да остане и натаму на таа позиција.
Меѓутоа шефот на „Pirelli“ за Ф1, Пол Хембери изјави дека во компанијата се под стрес и дека се уште не им е понуден нов договор за сезоната 2014-та, но и за подолго.
„Неможеме да останеме во таква ситуација на несигурност и неизвесност“, предупреди Хембери.
Кога на „Pirelli“ им беше да понудено да влезат во Формула 1 во сезоната 2011-та година, втор кандидат за таа позиција беше „Hankook“. Во тоа време шефот на јужнокорејската компанија, Хијан Бум Чо изјави дека лично преговарал со Берни Еклестон.
„Имавме добри разговори и можеби ќе имаме шанса да се покажеме во следната рунда или таа по неа“, изјави Чо во 2010-та година.
Сега повторно се појавија гласини дека „Hankook“ ќе го замени „Pirelli“ во Формула 1 во сезоната 2014-та, но сепак останува да видиме за која опција ќе се одлучат првите луѓе на ф1.