28 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДвојно зголемена продажбата на Tesla во однос на 2015-та

Двојно зголемена продажбата на Tesla во однос на 2015-та

models oo3

„Tesla“ продава двојно повеќе автомобили наспроти една година порано, станува јасно од новите податоци на автомобилската компанија кои ги објави „CNN Money“.

Производителот на електрични возила продал 24.500 примероци во последниот квартал, во споредба со 11.603 во текот на истиот период од минатата година.

Практично сите продажби за овој период на 2015-та година биле на предводникот „Model S“. Тој се уште е клучен за компанијата. „Tesla“ има продадено 15.800 автомобили „Model S“ во третиот квартал од 2016-та година.

Во овој период продажбата е потпомогната главно од новиот кросовер „Model X“, кој беше лансиран на пазарот во септември 2015-та година, а од овој модел во последното фискално тримесечје се продадени 8700 примероци.

Како „Model S“, така и „Model X“ се уште се прилично скапи за потенцијалните купувачи на електрични возила. Цената на „Model S“ почнува од 66.000 долари, а пак на „Model X“ од 83.000 долари.

Главниот извршен директор на компанијата Илон Муск се обложува на тоа дека ќе направи голем удар следната година, кога „Tesla“ ќе го пушти својот прв автомобил за масовниот пазар – „Model 3“. Почетната цена на ова возило ќе биде 35.000 долари.

Следниот автомобил на Муск сепак може да се соочи со силната конкуренција на пазарот. Новиот електромобил на „General Motors“, „Chevrolet Bolt“, ќе биде пуштен подоцна во оваа година за сума од 27.495 долари.

„Volkswagen“ исто така, сака да се пробие на пазарот на електрични возила. Нејзиниот „I.D.“ се очекува да чини под 30.000 долари, но продажбата нема да започне пред 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП