25 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMastercard воведува систем за потврдување на плаќањата со селфи

Mastercard воведува систем за потврдување на плаќањата со селфи

mastercard-face

Глобалната платежна организација „Mastercard“ соопшти за влезот во Европа на „Identity Check Mobile“ – нова технологија за проверка која користи биометрика, како отпечатоци и препознавање на лицето, за да го докаже идентитетот на корисникот и поедностави процесот на онлајн шопинг.

По успешниот тест период во САД и Канада, сега новата технологија се воведува на пазарите на 12 земји во Европа – Данска, Чешка, Австрија, Белгија, Германија, Унгарија, Холандија, Норвешка, Шпанија, Шведска, Велика Британија и Финска, со тенденција да се шири етапно на глобално ниво во 2017-та година.

Обично постоечките методи со воведување и зачувување на лозинките за докажување на идентитетот ги одвлекуваат купувачите од интернет страниците на трговците. Овој процес може да потрае време и евентуално да го откаже корисникот од купувањето, ако тој не ја воведе правилно лозинката.

Технологијата за плаќање „Mastercard Identity Check Mobile“ го намалува времето за идентификација при онлајн купувања, а во исто време ја зголемува безбедноста на корисникот на картичката. Наместо да зачуваат лозинки, корисниците ќе имаат можност да го докажат својот идентитет преку отпечатоци и препознавање на лицето преку „селфи“ слика од мобилниот уред, соопштија за иновативното решение од компанијата.

„Нашата цел е да ја олесниме максимално онлајн исплата, без да правиме никаков компромис со безбедноста и сигурноста на овој процес“, рече Аџај Бала, претседател „Бизнис решенија за безбедност“ на „Mastercard“.

„Ова е значаен напредок во еволуцијата на сегашната технологија. Персоналниот шопинг претрпе револуција благодарение на предностите на безконтактните картички, мобилните плаќања и преносните уреди, а сега ние нудиме технологијата за онлајн шопинг „Identity Check Mobile“ во Европа, а наскоро и во целиот свет“, вели Бала.

Новата технологија се воведува по тестови и студии кои покажуваат дека корисниците во Европа преферираат биометриски исплати пред постоечките методи и се потпираат на зачувување на лозинки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП